| четврток, 6 декември 2018 |

Добри вести за навивачите на Реал, Герет Бејл почна да тренира

geret bejl

Велшкиот интернационалец Герет Бејл почнал со првите полесни тренинзи по повредата и наскоро пак ќе го видиме на фудбалските терени. Тренерот на европскиот првак, Зинедин Зидан, за медиумите потврди дека Бејл ќе биде големо пролетно засилување на „кралевите“.

– Герет почна да тренира, го чекаме во скоро време – ги израдува фановите тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан.

Бејл се повреди на натпреварот од петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите против екипата на Спортинг Лисабон во Португалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top