Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, на својот профил на „Фејсбук“ информира дека е почната постапка за избор на најповолен понудувач за изградба на ново основно училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром, како и за доградба на училници и дополнителни простории за потребите на подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во тетовското село Фалише.
Проценетата вредност на инвестицијата е 76 милиони денари. Отворањето на понудите е закажано за 14 март, а активностите на терен ќе почнат веднаш по изборот на најповолната понуда и склучувањето на договорот со соодветната градежна компанија.
-Продолжуваат инвестициите во унапредувањето на образовната инфраструктура во Република Македонија.
Покрај многубројните реконструктивни и санациски активности во веќе постојни училишни објекти, акцискиот план на Министерството за образование и наука за 2017 година предвидува и изградба на неколку целосно нови објекти.
Станува збор за реални потреби и барања на жителите од овие две населени места за кои дадовме збор дека ќе ги исполниме, станаа дел од нашата програма за работа и веднаш пристапуваме кон нивна реализација, напиша Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.