| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто принцезата Кејт не носи тијара?

Звучи чудно, но Кејт Мидлтон, која е принцеза пет години, носела тијара само четири пати. Првпат ја носела тијарата од „Kартие“ и тоа на денот на венчавката, вторпат од дијаманти и бисери, која ја позајмила од кралицата за официјален настан во 2013 година, па повторно истата тијара ја носела кога кинескиот претседател ја посетил Велика Британија. Последен пат Кејт се појави со тијара на прием во Бакингамската палата, а за тој повод ја носеше тијарата на Лејти Ди, свадбен подарок од кралицата.

Моделот што го носеше Кејт на венчавката е тијара од 1.000 дијаманти, купена од јувелиркста куќа „Картие“ уште во 1936 г. како подарок од кралот Џорџ VI за својата сопруга. Осум години подоцна ѝ била подарена на кралицата Елизабета, за нејзиниот 18 роденден. Иако низ историјата невестите секогаш носеле тијара која му припаѓа на нејзиното семејство, Кејт не обрна внимание на тоа. Сепак, принцезата Дијана ја следела традицијата, па на венчавката ја носиела тијарата на Спенсерови. Дури по свадбата го добила семејниот накит на својот сопруг.

tumblr_inline_nz2dmqJaIA1rpqds5_1280

Втората тијара е позната под името „Lotus Flower“ или „Papyrus tiara“. Ѝ припаѓала на кралицата, а пред да биде претворена во тијара, била ѓердан. Кејт ја искомбинирала со фустан од „Џени Пекам“ за прием во Бакингамската палата. Третата тијара, која своевремено ја носеше лејди Ди, се вика „Cambridge Lover’s Knot“, а Кејт ја искомбинира со свечен црвен фустан.

kate-middleton-tiaraa

Зошто не ги носи почесто?
Официјално правило кога се носат тијари не постои. Кејт претпочита да носи накит каков што носи обичниот свет за да ја модернизира монархијата и да ја направи поблиска до народот. Сепак, некои извори тврдат дека Кејт по секоја цена сака да се разликува од Лејди Д. Најсаканата британска принцеза обожавала тијари, а Кејт не сака да ја споредуваат со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top