| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија ќе им ги слече бурките на муслиманките

Австрија планира воведување забрана за прекривање на лицата на муслиманките на јавните места, објави коалицијата на лево и десно центристичките партии во понеделникот при претставувањето на пакетот мерки коишто имаат цел да се спротистават на растењето на десничарската Слободарска партија (FPOe).
Во претежно католичка Австрија со 8,7 милиони жители, живеат околу 600 илјади муслимани. Сите видови муслимански облеки за жените целосно ја прекриваат фигурата на жената а бурката го прекрива целосно и лицето.

Со месеци наназад Слободарската партија (FPOe).е во водство на сите анкети, а коментаторите истакнуваат дека во нејзина полза оди и мигрантската криза и приливот на голем број баратели на азил, речиси целосно од муслиманските земји. Нејзиниот претседателски кандидат Норберт Хофер, беше поразен на изборите во декември само благодарејќи на преседанот на коалицирањето меѓу левите и десните центристички партии, кои го поддржаа кандидатот на Зелените, Александр Ван дер Белен.

Австрија следата 2018 година ја очекуваат парламентарните избори, на коишто според сегашните анкети би победила FPOe, па канцеларот Кристијан Керн во Социјалдемократската партија (SPOe) од левиот центар се обидува да ја врати популарноста на својата партија со брз договор со конзервативниот партнер во владата Народна партија на Австрија (OеVP), со мерките кои се однесуваат на разните области, од имиграцијата до образованието.

„Веруваме во отворено општество кое се темели на отворена комуникација. Прекривките кои го покриваат целото тело на јавните места не се во согласност со тоа, па затоа ќе бидат забранети“, се наведува во текстот од коалицискиот договор кој е објавен во понеделникот.

Терминот кој притоа е употребуван ќе се однесува на муслиманските детали од облеката бурка и никаб кои го покриваат речиси целото лице. Сé уште не е познато дали забраната ќе се однесува и на другите исламски облеки.

Од FPOe повикуваа на забраната на „фашистичкиот ислам“, мислејќи и на сектите кои проповедаат радикални и ригидни сфаќања на исламот, како и на истакнување на муслиманските симболи, што е слично на веќе постојниот закон со кој се забрането сите фашистички симболи.
На 12-ти октомври 2010 година во Франција, како прва европска земја, беше донесен а на 11-ти април 2011 година стапи на сила законот за забрана на носење на јавни места и на улици облека којашто претставува „целосен превез”, меѓу кои иранската паранџа, арапските никаб и бурка, прифатени и од пакистанските и авганистанските жени.

Сите видови на оваа исламска облека речиси целосно го покриваат телото на жената, а бурката дури го прекрива и целото лицето. Според законот, на жените за носењето ваков вид облека им се заканува казна од 150 евра и не смеат во таква облека да се појавуваат на улици, паркови, плажи, во продавници, ресторани, театри, железничките станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски сали и во јавниот транспорт.

Законот за забрана на јавни места носење муслиманска традиционална облека за жени, бурка и никаб, со кои целосно се прикрива лицето, стапи на сила и во Белгија 23-ти јули 2011 година. За прекршување на забраната е предвидена казна затвор до седум дена и парична казна од 137,5 евра.

Германската покраина Есен, со која управуваат христијанските демократи на Ангела Меркел, на почетокот од февруари 2011 годинава стана прв регион во земјата каде жените вработени во јавниот сектор нема да смеат да носат бурки. Одлуката беше донесена откако една локална учителка побарала од нејзиното училиште да и’ дозволи да носи бурка на наставата по враќањето од породилното отсуство. Таа пред тоа не го носела традиционалниот муслимански вел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top