| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец

Австриските власти одбиле да му дадат азил на 18-годишен Авганистанец со образложение дека не е доволно хомосексуалец. Момчето побарало заштита во Австрија затоа што било прогонето од неговата родна земја поради тоа што е хомосексуалец. Но одговорот на неговото барање го оставило без текст, пишува австрискиот неделник „Фалтер“.

-Начинот на кој се движите, како се облекувате и однесувате ни најмалку не укажува дали сте хомосексуалец или не- оценил службеникот во сојузната служба за странци и азил во Виена.

Во одговорот од службата, исто така, се наведува дека имале информации дека момчето често пати имало судири со цимерите и дека има голем потенцијал за агресивност што, според службата, не може да се очекува од хомосексуалец.

-Немате ни многу пријатели. Нели хомосексуалците се луѓе кои сакаат друштво?- се наведува во одговорот. На крајот, службата констатира дека подносителот на барањето за азил не е хомосексуалец и дека нема од што да се плаши при враќањето во неговата татковина. Момчето поднело жалба на ваквата одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top