| четврток, 6 декември 2018 |

Го изми телефонот, а не се случи катастрофа (ВИДЕО)

Јапонскиот произведувач на мобилни телефони Kyocera, го претстави смартфонот кој може да се измие со сапун.
Rafre, последниот уред на компанијата Kyocera,не само што е отпорен ан вода туку и поднесува обичен сапун (за раце и тело) и слични средства за чистење. Покрај отпорност на сапун, Rafre доаѓа и со апликација за готвачи, низ која може да користи навигација без допирање на дисплејот.
Со цел да обезбедат што подобра отпорност, дизајнерите ги отстраниле традиционалните звучници заменувајќи ги со систем за производство на звук низ самиот уред користејќи „smart sonic reciver“ технологија.
Што се однесува до спецификациите овој уред и припаѓа на средната класа. Rafre има 5 – инчен екран, 2ГБ РАМ, 16ГБ интерна меморија, камера од 13 мегапиксели, батерија со капацитет од 3000 мАх, а го придвижува Андроид 7.0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top