| четврток, 6 декември 2018 |

Го продал мачорот за 78 илјади евра, имал натприродна моќ

Русинот Дмитриј успеал да го продаде својот мачор Чарлс Уткинс за 78 илјади евра, тврдејќи дека има натприродна моќ. Тој успеал да го продаде мачорот во Новосибирск на една жена гатачка.

Тој мачорот го наследил од тетка си, откако таа починала.

– Мачорот ме тераше да правам работи кои не ги сакав. Знаев да се разбудам во пет наутро го огромна желба за риба или за колбаси, храна која не ја јадам. Таков, во полусон одев во продавница, а кога ќе се вратев се што ќе купев нему му го сервирав – објаснува Дмитриј.

232729023588f33a7b517d457072270_w640

Гатачката која го купила Чарлс изјави дека откако го купила мачорот го однела да го „провери“ на некои уреди и се уверила дека мачорот навистина поседува необична моќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top