| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен и синот на нарко босот Каљменди

LIRIDON_KELJMENDIРано утрово, на граничниот премин „Кула“ на влезот во Црна Гора, е уаспен Лиридон Каљменди. тој е баран по национална потерница распишана од Испоставата на полицијата Котор. Тој е фатен дваесетина дена откако по меѓународна потерница беше уапсен неговиот татко Насер Каљменди, провосомничен во полициската акција „Кукла“ и лице од „црната листа“ на американскиот претседател Барак Обама поради трговија со дрога. Потерницата за триесет годишниот Каљменди беше распишана заради издржување казна затвор, на која е осуден од Основниот суд во Котор поради кривично дело злоупотреба на службената положба со поттикнување.

Српскиоте медиуми неодамна пишуваа дека Лиридон Каљменди илегално на Косово од Србија префрлил две лица од Нови Сад, осомничени за убиство на 29-годишна девојка на Ада Циганлија.

Насер Каљменди, по апсењето на 5 мај, се наоѓа во притвор, каде ја чека одлуката за можно испорачување во Босна и Херцеговина.

И постариот син на Насер, Елвис Каљменди, на 13 мај осуден е во Приштина на четири години затвор поради обид за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top