| четврток, 6 декември 2018 |

„Димитрија Чуповски“: 44,6% не очекуваат дека Црвенковски ќе се повлече

Според резултатите од испитувањето на јавното мислење пред конгресот на СДСМ, новото раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев нема да се извлече од влијанието на Црвенковски, за да спроведе темелни реформи во партијата

димитријаСДСМ и со нов лидер по конгресот повторно ќе биде иправувана од Црвенковски, одговориле 44,6 проценти од телефонските испитаници во анкетата на „Димитрија Чуповски“ спроведена меѓу 17 и 21 мај 2013 на 1050 испитаници. 15 проценти помалку, 29,7 проценти сметаат дека ќе нема влијание, додека 25 проценти немале одговор.

За тоа кој е најдобар наследник, 27,8 проценти од испитаниците го посочуваат Зоран Заев, Кире Наумов со 16, Игор Ивановски со 6,3 и Зоран Јовановски – 4,7 проценти.
Дури 36,4 проценти од испитаниците сметаат дека новото раководство нема да спроведе реформа на партијата, додека верба во новиот лидер имаат 26,9 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top