Кандидатот за лидер на СДСМ, Кире Наумов денеска ја стави на увид на членовите на СДСМ и на јавноста неговата концепт програма со наслов „Промени за промени“.
-Ова е концепт програма, врз основа на која после втори јуни, во соработка со членовите на СДСМ и нејзините подржувачи, како и граѓаните на Македонија, ќе се изработи поконкретна, подетална работна програма, врз која ќе се базира работењето и делувањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во наредниот период. Досега сите програми на СДСМ биле добро конципирани, но секогаш проблемот останувал во нивното спроведување и реализирање. Затоа концепт програмата е заснована пред се на прагматичност, а многу помалку на теоретски размислувања, со нови идеи присутни во европската социјалдемократија, адаптирана на предизвиците кои ги носи македонската реалност и XXI век.
Во програмата на Наумов, меѓу другото стои и неговиот проект за влада во сенка:
Заради изборниот модел со шест изборни единици, предвидувам шест потпретседатели, кои ќе бидат од секоја изборна единица и кои ќе имаат свој регионален центар. Општинските организации ќе мора да добијат поголема децентрализација, особено во носењето на одлуките за локалните избори, во програмата за настап и советничките листи. Заради зајакнување на партиската структура и организација предвидувам враќање на старите ингеренции и позиција на функцијата генерален секретар. Го промовирам моделот на Влада во сенка. Сите избрани „министри“ уште на самиот почеток ќе знаат дека нивните имиња нема да се најдат на пратеничките листи на идните парламентарни избори. Ќе мора да се апсолутно мотивирани за победа и да веруваат во истата. Секој „ресорен министер“ ќе треба да номинира и кадровски решенија за клучните места во состав на ресорот. Нивната задача ќе биде следење на работата на конкретните органи. Работата на Владата во сенка ќе биде разгледувана на секои три месеци. Владата во сенка ќе биде избрана до 30ти септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


