Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” при чистење на коритото на реката „Сушица” на пресекот на улицата „Ариф Мустафа” со булевар „Туристичка”, извадиле тросед, перници, ќебиња и друг различен отпад кој од страна на несовесни граѓани бил фрлан во реката.
Од претпријатието посочува на несовесното однесување на граѓаните кои доколку имаат ваков отпад, наместо да се обратат во јавното претпријатие за да се подигне, прават диви депонии и го фрлаат на несоодветни локации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.