| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг во посета на Косово

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се очекува на 3 февруари да оствари официјална посета на Косово, при што ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи и со премиерот Иса Мустафа, јави телевизијата РТК.

Како што е предвидено, Столтенберг исто така, ќе ги посети и трупите на КФОР.

Посетата на генералниот секретар на НАТО следи по острата реторика последниов период помеѓу официјална Приштина и Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top