„Логан: Вулверин“ е новиот долгоочекуван филм во кој последен пат ќе го гледаме Хју Џекмен во улогата на Вулверин, а кој во домашните кина доаѓа на 2 март.
Најновиот трејлер ни покажува многу длабока врска меѓу главниот лик и најновиот мутант Х-23.
Иако ова филмско остварување е инспирирано од приказната од серијата стрипови „Старецот Логан“ (2008), во кој главниот јунак го игра старецот Логан, филмот е сместен во 2024 година, кога Логан и професор X се помируваат со исчезнувањето на Икс-мен.
Логан и професорот X се борат со корпорацискиот лидер Натанијела Есекс, која го води светот во пропаст, како и со Логановата загуба на моќта за саморегенерација и Алцхајмер. Есекс го сака најновиот мутант , женскиот клон на Вулверин, Лаура Кини, која професор Х и Логан мораат да ја заштитат.
Легендарниот лик од Икс-мен, Вулверин првпат се појави во 1974 година, на последната страница од стрипот „Неверојатниот Хулк“, а многу брзо станува ѕвезда меѓу суперхероите, познат по своите канџи и моќта на самолекување. Ова остварување има различен тон и ќе го промени погледот на филмови во врска со суперхероите, кои досега имавме можност да ги погледнеме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)