| четврток, 6 декември 2018 |

Фалкао: Добив неверојатни понуди од Кина, но сакам да освојувам титули со Монако

radamel falkao

Фудбалерот на Монако и репрезентацијата на Колумбија Радамел Фалкао, изјави дека добил трипати понуди да се пресели во Кина, но во сите наврати неговиот одговор бил негативен.

„Не беше лесно да се одбие таква понуда, но јас тоа го направив трипати. Тоа не е лесно ниту за клубот, бидејќи во прашање е голема сума на пари. Но чувствувам дека ја донесов вистинската одлука“, изјави Фалкао.

Фалкао вели дека најголемиот страв кај играчите е доколку одат да играат во Кина дека нема да добијат понуда за настап во репрезентацијата, најмногу поради компликуваните патувања.

„Не, селекторот Пекерман ги повикува играчите кои настапуваат и во Кина. Важно за мојата кариера е да останам во Монако и да победувам со овој тим. Сакам да освојам трофеи со Монако“, заврши Фалкао.

30-годишниот Фалкао од 2013 година е во тимот на Монако, а во меѓувреме беше праќан на позајмица во Манчестер Јунајтед и Челзи. За тимот од малото кнежество одигра 34 натпревари и постигна 23 гола, но во последните три години се мачи и со повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top