Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески во Њујорк во седиштето на Обединетите нации присуствува на дводневна конференција насловена „Улогата на младите во искоренување на сиромаштијата и промовирање на просперитет во светот кој се менува“, во организација на Економскиот и социјален совет на ОН (ECOSOC).
Како што соопоштија од Агенцијата, на конференцијата ќе учествуваат министри задолжени за млади, претставници на младински организации од целиот свет, претставници на меѓународни организации во чиј фокус се младинските политики. Конференцијата официјално ќе ја отвори генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.
Спасески ќе има обраќање на министерската панелдискусија, а во својата дискусија ќе се осврне на имплементацијата на Националната стратегија за млади (2016-2025), која беше усвоена од владата минатата година, за воспоставувањето на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (РИКО), како и за проектите кои ги реализира во насока на поддршка на младите луѓе и спроведување на приоритетите во деветте области опфатени со Националната стратегија. На Форумот, предвидено е Спасески да оствари билатерални средби со неколку свои колеги, во насока на продлабочување на соработката во делот на спортот и младите, информираат од АМС.
На повеќе тркалезни маси, ќе се дикутира за спроведување на одржливите развојни цели, за младинското ангажирање во искоренување на сиромаштијата, мерките за финансирање на младинските политики и добрите практики за поддршка на младинскиот развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невиден скандал: АМС бара факти и аргументи од ПФМ за случајот со Евгениј Поп Ацев
-
Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на АМС се оградува од содржината во збирката
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Компаниите веќе ги потпишуваат првите договори за даночно ослободување по инвестирање во спортска федерација