Реал Мадрид повторно се оддалечи од ривалите во трката за титулата, триумфирајќи со 3-0 над Реал Сосиедад и максимално користејќи ги поразот на Севилја и ремито на Барселона викендов во Примера дивизион.
Избраниците на Зинедин Зидан не одиграа премногу спектакуларно, но максимално ги искористија шансите што ги создадоа и дојдоа до планираните бодови. Ковачиќ со својот прв гол сезонава го отвори резултатот, а хрватскиот ас во второто полувреме му асистираше на Роналдо за вториот погодок на Реал. Конечните 3-0 ги постави Мората, кој по влегувањето во игра одлично се снајде по центаршутот на Васкез и го матираше гостинскиот голман.
Реал Мадрид со оваа победа има четири бода повеќе од Севилја и од Барселона, воедно и натпревар помалку оној на „Местаља“ против Валенсија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)