Во последниот натпревар од 22 коло во Серија А лигата, екипата на македонските интернационалци Несторовски и Трајковски му гостуваше на фаворитот Наполи на „Сан Паоло“.
Илија Несторовски со својот осми погодок во Серија А сезонава му помогна на Палермо да остане непоразен на гостувањето против Наполи. Сицилијанците излегоа на жешкиот терен во Неапол со улога на тотални аутсајдери, но Несторовски по само шест минути игра го совлада Реина и најави сензација на овој меч.
Палермо го мина остатокот од натпреварот бранејќи се со целосен бункер, но Наполи успеа да израмни по катастрофалната интервенција на голманот Посавец, кому топката по ударот на Мертенс му мина низ рацете и заврши во мрежата. Посавец потоа се извади за грешките бранејќи неколку стопроцентни шанси за „наполитанците“ во последните петнаесет минути, од кои најубавата ја промаши Инсиње, кој од пет метри биеше крај дирекот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)