| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен Ол-стар тимот на СП: Карабатиќ МВП, Кире Лазаров најдобар стрелец

karabatic2014

По завршувањето на финалниот меч на Мундијалот во Франција, беше избран и Ол-стар тимот, како и најкорисниот играч и најдобриот стрелец. Иако Македонија нема претставник во најдобриот тим, сепак Кире Лазаров со 50 голови беше прогласен за најдобар стрелец.

За најдобар голман е избран Венсан Жерар од Франција, кој имаше одлично изданија во завршните натпревари и покажа дека Омејер има супер замена. Најдобро лево крило е Швеѓанецот Џери Толбринг, додека на десната страна тоа е Кристијан Бјорнсен. Најдобриот пикер доаѓа од Норвешка, а тоа е искусниот Бјарте Мирхол.

Во бековската линија за најдобри се прогласени левиот бек на Норвешка, Сандер Сагосен, централниот на Хрватска, Домагој Дувњак и десниот на Франција, Недим Ремили. За најкорисен играч, односно МВП е прогласен Никола Карабатиќ, кој за чудо не е дел од Ол-стар тимот на СП.

300 000

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top