Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во текот на викендот имаше семинар за јакнење на политичките капацитети кај младите. На семинарот кој се одржа на Молика, бројни предавачи ги споделија своите знаења и искуства со учесниците. Јакнењето на политичките капацитети кај младите претставува важна работа за идните генерации, кои треба да се соочат во иднина со бројни предизвици во општествените сфери.
Учесниците на семинарот изразија огромна заинтересираност за ретроспективните случувања во изминативе неколку години, на која предавачите, инаку актуелни аналитичари на политичката сцена, со задоволство објаснуваа и ги пренесуваа искуствата со кои се соочиле.
Од Унијата на млади сили велат дека и во иднина ќе продолжат со семинари и активности од ваков тип, овозможувајќи им на младите простор за учење и вклучување во политичките случувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.