Прељубата е една од најголемите причини за прекинувањето на љубовните врски, а со неа се повеќе се бават и научниците. Неодамна било утврдено дека постои тип на луѓе кои не можат да се воздржат од неверство, а имаат неколку заеднички карактерни особини.
Експертите тврдат дека постојат одредени навики во однесувањето на луѓето кои укажуваат на нивната предиспозиција да бидат неверни во врската. Ова се типичните особини на луѓето кои се склони кон неверство, пишува Your Tango.
Секогаш се жалат
Никогаш ништо во нивниот живот не е доволно добро, па ниту нивниот партнер. Хронично се несреќни во врските и секогаш ги бројат маните на партнерот. Секогаш ги озборуваат партнерите со своите пријатели.
Премногу ризикуваат
Склони се на ризик, а ги возбудува и помислата дека во секој момент може да биат фатени.
– На неверството гледаат како потрага по адреналин. Тие ужуваат во бурен емоционален живот, а не во стабилна и мирна врска, вели психологот др. Идик Табори.
Ги задржуваат проблемите во себе
Луѓето кои не умеат на својот партнер целосно да му се доверат и да му кажат се што ги мачи најчетсто патат во врските. Тие и кога имаат партнер се чувствуаат осамено и сакаат да излезат од ситуацијата.
– Мажите најчесто изневеруваат бидејќи бараат поинакви сексуални искуства и задоволства различни од оние кои им ги пружа партнерката, а жените бидејќи имаат потреба да се чувствуваат посакувано, објаснува Ешли Медисон, автор на истражувањето за неверствтото.
Користат „бели“ лаги
Овие луѓе се свесни дека можат до некој степен да ја скријат вистината од својот партнер, па предизвик станува да скријат една поголема работа. Студијата објавена во магазинот „Journal of Language and Social Psychology“ вели дека луѓето кои се користат со „бели“ лаги со суштина само проверуваат до која граница можат да одат со своите партнери, а тие безрезервно да им веруваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.