| четврток, 6 декември 2018 |

Насилници му го чуваат грбот на Заев: Телохранителот кој тепаше деца не е суспендиран (ВИДЕО)

Насилникот Александар Трајков му ја отвора вратата од аудито на опозицискиот лидер Зоран Заев доцна синоќа додека го напушта седиштето на СДСМ на Бихаќка во Скопје, по средбата со тројцата потпретседателите на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити. Видеоснимката направена пред седиштето на СДСМ е уште еден доказа за лагите на Зоран Заев.

По инцидентит што го направи неговиот личен телохранител во дискотека во Струмица и по обидот на Оливер Спасовски на чело на МВР да го забошоти, Заев беше притиснат од јавноста и изјави дека насилникот ќе биде суспендиран. За жал, насилникот се уште ја извршува својата работна задача.

aleksandar trajkovobezbeduvanje

Александар Трајков од струмичкото село Градашорци, личниот телохранител на Зоран Заев, и пред насилствата во струмичката дискотека, каде што напаѓал и тепал се пред себе за што е неколкукратно пријавен во полиција, и претходно им бил познат на органите на редот.

„Република“ веќе пишуваше дека блискиот соработник на Заев, неговиот личен заштитник Александар Трајков, кој што го придружува насекаде, од лидерски средби, преку средби со граѓани, посети на Заев на СЈО, до обврските кон судот, истиот тој Трајков и претходно бил во судир со законот, а бил и осудуван.

g4-t

 

g5

Да потсетиме дека СДСМ и генералниот секретар Оливер Спасовски од позиција министер за внатрешни работи се обидоа да го сокријат случајот од јавноста, избегнувајќи да го наведат во дневниот билтен до медиумите. Насилникот дури беше и недостапен за полицијата. Но, откако веста стигна во јавноста, а прашање за однесувањето на бодигардот на Заев ми беше поставено директно и на Спасовски, реагираа и од МВР и од СДСМ.

g2

Во соопштението од МВР стоеше дека јавноста ќе биде известена и ќе бидат преземени неопходните законски дејствија „Во моментот кога ќе бидат утврдени сите елементи од настанот “, за потоа да се објави дека МВР му поднело прекршочна пријава на Aлександар Трајков.

СДСМ, пак и за овој случај ја користи формулацијата „евентуална инволвираност“, како и секогаш кога нивните блиски се вмешани во насилство и криминал. Но, свесни дека не може да се сокрие делото на својот член Трајков, тие во соопштение наведоа дека Трајков „приватно“ бил во Струмица, но и дека лицето ќе биде отстрането од придружба со нагласка „на определно време“.

g3

 

zaev-pred-sud-3-custom-520x462

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top