По пауза од 2012 година кога славеше титула во Вимблдон, најголемиот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, денеска славеше победа на првиот гренслем турнир сезонава, Австралија Опен.
Швајцарецот по тешка борба го надигра својот голем ривал Надал и успеа да ја запише својата 18. гренслем титула. Вонсерискиот Федекс по мечот изјави дека е пресреќен на оваа победа и дека доколку има можност без размислување би го поделил овој пехар со Надал.
– Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите присутни тука на оваа прекрасна арена. Честитки до Рафа, тој одигра одличен турнир и уште подобар финален меч, иако подолг период беше повреден. Мислам дека ни јас ни тој не веруваме дека ќе се сретнеме овде во финалето од овој турнир. Верувајте и да загубев ќе бев среќен. Тенисот е џентелменски спорт и ако доколку ми е дозволено би го поделил овој трофеј со Рафа. Пред шест месеци не знаев дали воопшто пак ќе играм тенис, а ете денес во моите раце е овој прекрасен пехар – изјави Федерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.