Европската куќа на фудбалот, УЕФА, ги заострува санкциите за националистички испади на стадионите и особено за навреди на расна основа, а казните ќе бидат големи. За навредливо навивање со кое се загрозува националното чувство автоматски следи празнење на делот од трибините од каде доаѓаат навредите. Ако истото се повтори сите гледачи одат во аут, а клубот, репрезентацијата или федерацијата што го организира натпреварот се казнува со 50 илјади евра.
Ова е актуелно и за македонскиот фудбал, бидејќи токму од тие причини, завчера беше прекинат финалниот натпревар од националниот куп меѓу Тетекс и Шкендија.
Посебен дел е предвиден за битка против навредите на расна основа. За навреди од фудбалер кон противнички играч, предвидената казна е минимум 10 натпревари неиграње.
UEFA declares 10-match minimum ban for racism by SNTV
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


