Интер ја продолжи победничката низа и во седмиот натпревар поред овојпат на домашен терен на „Џузепе Меаца“ ја совлада последнопласираната Пескара со 3-0.
Данило Д’Амбросио во 23.минута го постигна првиот гол на оваа средба, а Жоао Марио во 43. минута зголеми на 2-0.
Во вториот дел, Едер постигна и трет погодок за Интер и беше јасно дека трите бода ќе останат на „Џузепе Меаца“. Иако има одиграно два натпревари повеќе, сега Интер има само шест бода негатива во однос на лидерот Јувентус и се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А лигата.
Следниот натпревар Интер ќе гостува кај Јувентус во Торино во „Дербито на Италија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)