| четврток, 6 декември 2018 |

Луд меч во Леверкузен, од 2-0 до пораз за „фармацевтите“ (видео)

borusija menhengladbah

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах, водени од новиот тренер Дитер Хакинг стигнаа до голема победа на „Баер Арената“, откако се вратија од 2-0 и забележаа победа од 2-3, во луд натптевар во кој првпат по една година екипата која своевремено го освои Купот на Куповите, постигна три гола во гости.

Мечот не наговестуваше ништо добро по Борусија Менхенгладбах, бидејќи момците на Мартин Шмит поведоа со 2-0 со головите на Џонатан Тах и Чичарито Ернандез во интервал од само неколку минути меѓу 31. и 34. минута. Сепак домаќините се опуштија и Ларс Штиндл постигна два гола и ги казни наивните грешки на одбраната на „фармацевтите“. Следуваше фаза на обострано тактизирање, а Бразилецот Рафаел во 71. минута погоди по груба грешка на домашната одбрана за финални 2-3.

Утре 19. коло од шампионатот се затвора со натпреварите Фрајбург – Херта и Мајнц 05 – Борусија Дортмунд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top