Британскиот премиер Тереза Меј разговараше денеска во Анкара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за унапредување на соработката во областа на воената индустрија и трговијата.
На состанокот, Меј и Ердоган се договориле да формираат работна група за зајакнување на билатералната трговија по излезот на Велика Британија од Европската унија.
По состанокот, Ердоган наведе оти се надева дека обемот на трговската размена со Велика Британија ќе порасне од сегашните 15,6 милијарди долари на 20 милијарди долари.
Меј, која во Анкара пристигна по посетата на Вашингтон, каде како прв странски претставник разговараше со новиот претседател на САД Доналд Трамп, настојува со нејзината дипломатска офанзива да ги подобри трговските односи на Велика Британија со земјите надвор од ЕУ, во рамките на подготовките на Лондон за излез од Унијата.
– Се договоривме да имаме заедничка работна група која ќе го подготви теренот за нашите трговски односи по Брегзитот, нагласи Меј по разговорот со Ердоган.
Британскиот премиер зборуваше и за обидот за пуч во јуни минататата година, наведувајќи оти е „горда“ што Велика Британија била покрај Турција во тоа време, но укажа и на значењето на почитувањето на човековите права.
– Сега е важно Турција да ја одржи нејзината демократија така што ќе го почитува владеењето на правото и обврските во поглед на човековите права, потенцира Меј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.