| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза Меј се сретна со Ердоган

Британскиот премиер Тереза Меј се сретна денеска во Анкара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Меј пристигна денеска во посета на Анкара, а главна тема на средбите е трговијата. Освен можноста за зајакнување на трговските врски, откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија. Меј со турските лидери ќе разговара и за Сирија, Ирак, тероризмот и напорите за обединување на Кипар.

По средбата со Ердоган таа разговараше и со турскиот колега Бинали Јилдирим.

Во Анкара Меј положи венец на мавзолејот на основачот на републиката Мустафа Кемал Ататурк и изјави дека Велика Британија и Турција треба да ги обноват напорите за реализирање на визијата на Ататурк за мир во земјата и во светот.

Во Турција Меј пристигна директно од САД, каде се сретна со новиот американски претседател Доналд Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top