Заменикот капитен на Рома, Даниеле де Роси веројатно по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот по 15 години, бидејќи раководството му нема понудено нов договор.
– Сега е вистинското време да остварам уште еден сон и да заиграм за Бока Јуниорс. Парите не ми се важни. Како дете сонував да играм во аргентинското дерби, да ги бранам боите на Бока против Ривер. Верувам дека таму ме сакаат ќе добијам шанса – рече за италијанските медиуми Де Роси.
Де Роси зад себе има 404 натпревари за Рома, а освои и еден трофеј од Купот и Суперкупот на Италија. Со репрезентацијата беше светски првак во 2006 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стадионот затворен, немирите продолжија: Неизвесно е вечерашното финале
-
Maрадона бесен: Има само еден виновник за вчерашниот срам!
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено