Првиот човек на македонската федерација и еден од нашите најголеми играчи во историјата, Петар Наумоски ќе добие огромно признание од турскиот гигант Анадолу Ефес за неговите партии и трагата која ја остави во последната деценија на минатиот век.
Имено Наумоски во периодот од 1992 до 1999 (исклучок сезоната 1994/1995-Бенетон Тревизо) го носеше супер успешно дресот на клубот од Истанбул, беше еден од најдобрите и најзаслужните за првата и единствена европска титула на Ефес и тоа во 1996 година во Купот на Радивој Кораќ.
Поради ова и сите останати успеси и негови партии клубот реши да го повлече, го „пензионира“ дресот со број седум кој некогаш го носеше Наумоски. Тоа ќе се случи на 9 февруари во салата „Абди Ипекчи“ пред дуелот од Евролигата меѓу Анадолу Ефес и Армани Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)