60-годишно лице кое наводно било во алкохолизирана состојба вечерва се јавило на телефонскиот број 192 и ја алармирало полицијата дека за 16 минути две ракети ќе ја уништат Владата на Македонија во Скопје.
Полицијата веднаш првземала мерки по што утврдила дека 60 годишниот С.Ј од Скопје извршил лажно пријавување.
При претресот кај него бил пронајден мобилниот телефон од кој се јавил на 192.
Тој во разговор со полицијата изјавил дека сакал да привлече внимание врз себе поради незадоволство за наводна за него спорна одлука на општина Гази Баба.
Од МВР ја потврдија информацијата и најавуваат соодветна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Владата донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за 27 април