| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва фудбалски спектакл на Филип Втори: Вардар- Шалке 04

Вардар вечерва на „Филип Втори“ му е домаќин на Шалке 04, четвртопласираниот тим во Бундеслигата. Пријателски натпревар  ќе го „почне“ Драган Мутибариќ, фудбалска легенда кој од Вардар прејде во германскиот бундеслигаш. Гостите од Германија доаѓаат без неколку првотимци, но сепак во тимот се ѕвездите од калибарот на Клас Јан Хунтелар, Бастос, Барнета, Марица, Матип…,  што е најава за убав фудбалски спектакл.шалке вардар 1

Вардар и Шалке имаат и збратимени навивачи, вардаровите Комити и Ултрас УГЕ на Шалке, кои се и иницијатори на вечерашниот меч. Официјалното збратимување, догодина ќе прослави една деценија.

Збратимувањето се случи во 2004 кога Вардар и Шалке играа во Интертото купот. Германците славеа две победи со 5-0 во Гелзенкирхен и со 2-1 во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top