Петар Наумоски настапуваше во неколку клубови низ Европа додека беше активен кошаркар, но клубот во кој се задржа шест години (во два наврати), Анадолу Ефес одлучи да му оддаде огромна почит. Бројот седум кој поранешниот репрезентативен капитен и актуелен претседател на македонската куќа на кошарката своевремено го носеше на дресот, ќе биде повлечен од употреба за 9. февруари.
-Ова е за мене голема чест. Им благодарам на сите во клубот во кој постигнав големи резултати, не само за себе туку и за клубот и за огромниот број негови симпатизери. Искрено, на ваков гест ни на сон не сум помислил, но во Ефес оцениле дека сум достоен за ова и решиле да ми ја укажат таа чест токму мене. Ова е нешто најголемо и искрено најубавото што може да му се случи на поранешен кошаркар – вели Наумоски за дневниот весник „Нова Македонија“.
Церемонијата на која дресот на Наумоски ќе биде закачен за плафонот на салата „Абди Икпечи“ ќе се одржи пед дуелот помеѓу турскиот клуб и Олимпија Милано во рамки на Евролигата. Ова е прв случај да биде повлечен број кој го носел некој македонски спортист воопшто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.