| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Перу: Хотел се урна во река (ВИДЕО)

Од надојдената река се урнаа темелите на хотелот „Ла Хациенда“ во перуанскиот град Лиреј, изграден на самиот раб од брегот. Причина за несреќата е дождот, кој без престан паѓал 10 часа. За среќа, нема повредени и настрадани лица, зашто сите биле евакуирани навреме.
Поради постојаните дождови во овој град се уништени неколку градежни објекти, 30 домови се поплавени, а патишта се блокирани поради надојдената вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top