| четврток, 6 декември 2018 |

Венус Вилијамс: Сакам да ѝ се реванширам на Серена за последниот пораз во Лондон

serena i venus

Утре, сестрите Вилијамс ќе го одиграат финалниот меч на првиот гренслем турнир сезонава, Австралија Опен. По пауза од 14 години „Род Левер“ арената повторно ќе биде домаќин на финале меѓу одличните сестри, а постарата Венус вели дека сака да ѝ се реваншира на својата сестра за последниот финален пораз на Вимблдон од пред осум и пол години.

– Среќна сум што ќе играм финале против Серена. Сакам да ѝ се реванширам за последниот пораз во Лондон. Кога играм против неа се чувствувам како да се натпреварувам против најтешкиот можен противник на тениските терени. Ќе се борам до крај, иако противник ми е мојата сестра која е фантастича. Мислам дека овој меч ќе биде ист како и претходните што ги одигравме во овие 20 години – вели Венус.

Досега Серена има освоено 22. Грен слема, додека Венус само седум и утре ќе има шанса да го освои првиот трофеј на Австралија Опен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top