| четврток, 6 декември 2018 |

Откако ја слушна пресудата, мајка на четири деца почина во судница

majka1

Триесет и двегодишната Хејли Гескоин починала во судница пред очите на своите родители, откако ја слушнала пресудата во семејната правна битка.

Не се соопштува за што бил поведен правниот спор.

Младата мајка на четири деца, пред да и се слоши, била во тоалет, а потоа се вратила во судницата и паднала пред очите на своите родители, кои молеле да ѝ се спаси животот!

По 20-ина минути обиди за реанимација младата жена била однесена в болница каде што починала.

„Дејли мејл“ пренесува дека постојат сомнежи дека таа се напила нешто во тоалетот. Претходно не користела никакви дроги.

Хејли била здрава жена и никому не му е јасно како е можно одеднаш да почине.

Се очекува обдукцијата да ја открие причината за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top