На барање на гледачите, гости во најновата епизода од „Еден на еден“ се актерите од серијата „Преспав“. Жаре ги пречека: вишиот инспектор Томе (Горан Стојановски) , Ула (Тијана Дапчевиќ), Марио (Васил Зафирчев) и Талат (Дритон Вејсели), кои раскажаа разни анегдоти од снимањето на оваа серија.
Гостите играа разни игри, пееја песни од Џемо Биљбиљ, разговараа за тоа како ги одбрале да бидат токму тие во серијата, чија улога најмногу им се допаднала и уште многу други работи поврзани и неповрзани со „Преспав“.
Бидете оваа сабота во 19.15 часот пред малите екрани на телевизија „Телма“. Се гарантира добра забава и многу смеење во новата епизода од најгледаното македонско шоу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)