Соросовите медиуми и на македонски и на албански јазик од вчера и особено денеска се во последна офанзива пред одлуките во ДУИ.
Сите можни видови на закани и заплашувања, шпекулации, навреди, црни сценарија, лажни информации се во функција. На половина час излегуваат нови натписи на соросовите портали на албански и македонски јазик, тие очигледно не спијат и дежураат, работат и втора и трета смена.
Таква наредба очигледно паднала од спонзорите кои ги делат парите на Сорос, по секоја цена да се обесхрабри ДУИ да донесе принципиелна одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ и создавање заедничка влада.
Во целото сценарио вклучени се и одредени дипломати, кои се уште некои од нив тајно лобираат надевајќи се дека стравопочитта кај некои функционери на ДУИ кон нив нема да исчезне и еден ден јавно да проговорат.
Последната карта е да не влегле во владата лица кои биле осомничени од СЈО, како да јавноста не знае дека СЈО работи под команда и на далечинско на чадорот и на СДСМ. На овој начин, некој од надвор сака да состави влада со лица кои ќе цени дека се најдобри за него, надвор од волјата на народот. Сака не само сега, туку и понатаму да има механизам за елиминирање на политичарите кои не прифатија вазалска улога.
Меѓутоа, овие фактори забораваат дека мнозинството од народот слушна и виде се’ од СЈО, го процени и го отфрли, гласајќи за оние во кои има доверба и кои докажано се бореа за напредок на државата и подобрување на животот на сите граѓани. СЈО не е од вчера, СЈО беше и долго пред изборите, граѓаните го видоа и го слушнаа, по што на изборите мнозинството од граѓаните донесоа одлука својот глас да го дадат за ВМРО-ДПМНЕ и Никола груевски.
Секоја партија која ќе си поигрува со волјата на народот, ќе биде казнета од тој народ. Повлекувањето на обвинението на Заев за случајот „Пуч“ има повеќе причини, но една од нив е тој да не влезе во групата на осомничени од СЈО. Се даде и најава дека не исклучуваат можност пак да се навратат на предметот, а тоа е порака до Заев дека ако евентуално измрда од ветувањата, СЈO пaк ќе отвори обвинение кон него и токму затоа Заев ќе мора да продолжи да слуша и да спроведе се што ќе се бара од него.
Но за да се дојде до тоа Заев да ја превземе власта и владата, критични се овие денови и затоа сите соросови медиуми и медиуми на странски платни списоци се пуштени во невидена последна офанзива. Исплашени, нервозни, обесхрабрени, не знаат што пишуваат и што зборуваат, се’ со цел да се изврши притисок врз ДУИ и Али Ахмети.
Порталот „Алмакос“, кој се финансира од средства од Сорос, објави дека 50 илјади Албанци ќе протестирале секој ден пред Владата ако ДУИ направеле коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето кое се поставува е што не’ направија досега протест со 50 илјади лугје пред Владата албанците на „Алмакос?“. Како дел од манипулациите и притисоците кон ДУИ се вадат од контекст изјави на политицари, се појавуваат на телевизија сите сосоросоиди и сдсмовци во ДУИ, се напаѓа Али Ахмети. Паника покажува дека сценариото на Сорос не успеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос