| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Дру Баримор почнала да пие уште на девет години?

Мајка ми ме натера да пробам алкохол кога имав 9 години, изјавила американската актерка Дру Баримор.

US PREMIERE CHARLIE DEMI

Ѕвездата од „Чарлиевите ангели“ во шоуто но Опра Винфри призна сè. Во етер артистката изјави:
„Првата голтка алкохол ја пробав на девет години,  марихуана пропушив една година подоцна, а со кокаинот се запознав на 11-годишна возраст“. Таа ја обвини мајка си за своите блиски средби со алкохолот и со дрогата. Баримор изјавила дека како дете била постојано оставана од мајка си и поради тоа тргнала по крив пат. Актерката истакнала дека поради тоа сè уште не ѝ простила на мајка си и поради тоа не ни ја поканила на венчавката со Вил Копелман минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top