| четврток, 6 декември 2018 |

Селфи вредно 280 милиони долари

selfi_drew

На селфито се собрани четири успешни и многу познати жени. Фотографијата направена во Мексико, споделена е на Инстаграм од Дру Баримур. На неа таа фотографирала шест свои пријателки, од кои три се исклучително популарни. Тоа се Гвинет Палтроу, Камерон Дијаз и Никол Ричи. Убавиците се на тренинг камп, а на фотографијата ниту една од нив нема шминка.

Дру Баримор под фотографијата стваила хаштаг #peopleilove и советува: Сакајте си ги пријателите. Богатството на овие  четири познати жени е еквивалентно на 280 милиони долари, пресметува Дејли Мејл.

Пријателството меѓу нив постои одамна. На свадбата на Камерон Дијаз, која се одржа минатата година, Дру Баримор и Никол Ричи беа деверици, а Гвинет Палтроу беше меѓу гостите.

Дру Баримур преживеа тешки моменти по разводот во август, кога се раздели со Вил Копелман по четири години брак. Двајцата заедно се грижат за своите ќерки, четиригодишната Оливија и двегодишната Френки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top