Актерката Дру Баримор се пофали со божиќниот подарок од партнерот Вил Копелман.Таа сподели на Инстаграм слика со шамија, подарена од Вил. “Толку сум им благодарна на луѓето кои ги сакам. Еден од нив (маж ми) беше толку мил да ми го подари овој посебен шал, кој ја изразува мојата љубов кон цвеќињата”, напиша таа под фотографијата. “Сакам да го ставам во рамка и да му се радувам секогаш. Ви посакувам на сите весели празници”, додаде таа.
На сликата 39-годишната убавица ја раширила шамијата со раце на позадината на елката во нејзиниот дом, за да може да се прочита натписот испишан врз неа: “Ги сакам цвеќињата. Мислам дека и цвеќињата ме сакаат”. Шалот е розов, а натписот е украсен со цвеќиња. На фотографиите актерката не е нашминкатао и е облечена само во пар фармерки и маица.
На крајот на минатата недела Дру беше забележана за време на пазар во Беверли Хилс заедно со нејзината ќерка Оливија. 2-годишното девојче беше облечено со тегет џемпер со еленчиња, бела маица и фармерки. Мама Дру пак, беше одбрала темно син џемпер и фармерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.