| четврток, 6 декември 2018 |

Вкусот на Италија во Скопје

Во рамки на проектот „Вкусот на Скопје” на 8. февруари во центарот „Јавна соба“ со почеток во 20 часот ќе се реализира уште едно необична гатсрономска претстава наменета за пошироката јавност. Во соработка со Марк де Јонг, „Јавна соба“ приредува  вечера на која се промовираат најновите италијански рецепти од регионите Тоскана и Венето.

– Секогаш користиме исклучително квалитетни производи за приготвување на храната преку која ја разскажуваме приказната за одреден регион или земја. За оваа пригода сакам на публиката да и доближам една многу по различна италијанска кујна. Излегуваме од онаа стереотипна италаинска храна што је има на секое ќоше, и подготвуваме патесо ф’стаци, бифтек на венецијански начин и сл. Ова се рецепти што дома лесно се подготвуваат, па затоа и сакам да им ги подарам на луѓето – вели готвачот Марк де Јонг.

Со серијата на кулинарски настани во рамки на двегодишниот проект „Вкусот на Скопје“ се организираат, тематски вечери и работилници наменети за пошироката јавност, која е спремна преку овие настани да запознае одблиску една нова култура и  ги зголеми своите кулинарски вештини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top