Пет поранешни членови на УЧК се уапсени во координирана акција на ЕУЛЕКС и косовската полиција поради сомневања за извршени злосторства во логорот на УЧК.
Апсењето било извршено по налог на Основниот суд во Митровица.
Според неофицијални информации меѓу уапсените се и градоначалникот на Србица, поранешниот командант на УЧК Сами Љуштаку, командантот на полицијата на УЧК, како и Саит Јашари, близок роднина на основачот на УЧК Адем Јашари.
Според информациите на албанските медиуми, покренато е обвинение и против амбасадорот на Косово во Албанија Сулејман Селими, пратеникот во косовскиот парламент од пратеничката група на Хашим Тачи Фадиљ Демаку и уште неколку поранешни припадници на УЧК кои биле под директна команда на Хашим Тачи.
Озлогласениот логор Ликовац бил под команда на УЧК од 1998 година до влегувањето на мисијата на ОН на Косово. Во непосредна близина на логорот се наоѓал и главниот штаб на УЧК со кој раководел тогашниот генерален секретар на УЧК Јакуп Красничи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


