| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер: Никогаш не користам медицински тајмаут, но денеска морав!

rodzer federer

Роџер Федерер в недела ќе го игра своето 28. гранслем-финале. Во првиот полуфинален натпревар на Австралија опен легендарниот швајцарски тенисер за нешто повеќе од три часа во пет сета славеше над сонародникот Станислас Вавринка, а по мечот изјави дека никогаш во кариерата не практикувал да повика медицински тајмаут, но на денешниот меч морал да го направи тоа.

– Во текот на целата седмица имам големи проблеми со ногата. Почувствува болка уште во вториот гем од мечот. Никогаш не користам медицински тајмаут, но Стан веќе го направи тоа и експресно се врати во мечот. Најверојатно неговиот физиотерапевт има магични раце. Тоа што излегов од терен значеше третман во горниот дел од ногата, и се надевам дека за финалниот меч нема да го имам истиот проблем – изјави Федерер.

Освојувачот на 17 гранслем-титули во финалето во Мелбурн ќе се соочи со победникот од вториот полуфинален меч кој ќе се одигра утре меѓу Рафаел Надал и Глигор Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top