| четврток, 6 декември 2018 |

Два тима од Премиер-лигата се подготвени повторно да го направат Герет Бејл најскап фудбалер

geret bejl

Челси и Манчестер јунајтед се заинтересирани за Герет Бејл. Во опција е „луда“ трансфер понуда, објавија шпанските медиуми, најавувајќи го можното враќање на Велшанецот во Премиер-лигата.

Бејл има договор со Реал Мадрид до јуни 2022 година, со клаузула за откуп на договорот во износ од неверојатни 1 милијарда евра.

Оваа сума, се разбира не ја плаќа никој, но според шпанските медиуми, Челси и Манчестер јунајтед се подготвени да потрошат 200, односно 173 милиони фунти.

Доколку се потврдат овие најави и дојде до реализација на транферот, тоа ќе биде апсолутен рекорд, а Бејл повторно ќе биде најскап фудбалер во светот. Засега рекордот го држи Пол Погба, кој минатото лето се пресели на „Олд трафорд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top