| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус му врати на Милан за поразот во финалето на Суперкупот (видео)

juventus

Јувентус се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија откако во Торино го совлада Милан со 2-1. Следен ривал на тимот што го предводи Масимилијано Алегри ќе биде Наполи во битката за влезе во финалето.

Пауло Дибала уште во десеттата минута донесе водство за „старата дама“, а Миралем Пјаниќ зголеми на 2-0 во 21. минута од мечот. Сепак, Милан не се предаде така лесно.

На стартот од вториот дел, Карлос Бака намали на 2-1. Но, само една минута потоа следеше исклучување за Мануел Локатели, па „росонерите“ со играч помалку немаа сили да стигнат до израмнување и доживеаја елиминација од Купот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top