| четврток, 6 декември 2018 |

Протест на мигранти во Белград, бараат Европа да ги отвори границите

300 000

Неколку стотина мигранти денеска протестираа во Белград барајќи Европа да ги отвори границите. Протестот се одржа пред стар магацин во центарот на Белград, кој е привремено засилниште на стотици мажи и момчиња првенствено од Авганистан и од Пакистан.

–  Сакаме границите да бидат отворени бидејќи 90 проценти од луѓето тука се болни, изјави Авганистанецот, Ахмед Османи.

Демонстрантите носеа плакати „Слобода на движење“ и „Ве молам отворете ги границите“. Околу 7.000 мигранти се сместени во бегалските центри во Србија или спијат во импровизирани кампови во парковите и покрај ниските температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top