| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички го промовира Рајковиќ

Трофејниот тренер во Кавадарци освои три титули, два купа и еден трофеј во БИБЛ

Утре токму напладне КК Работнички ќе го претстави Емил Рајковиќ за свој нов тренер. Тој ќе се обиде на 14. кратниот македонски кошаркарски првак да му обезбеди настап во супер лигата. Тренерот кој по една деценија се враќа во клубот во кој го доживеа играчкиот зенит, го презема тимот од Градскиот парк како шести во Првата лига со биланс 4-5 и во преостанатите 5 кола од 9 февруари ќе мора да дојде до 3 или 4 триумфи за да биде меѓу петте екипи кои со МЗТ Скопје ќе разигруваат за титулата.

Работнички е без тренер од заминувањето на Марјан Лазовски во декември кога екс селекторот ја прифати одговорноста за слабите резултати во тековната сезона. Инаку дебито во официјален натпревар на Рајковиќ на клупата на новиот тим ќе се случи во вториот февруарски викенд и тоа токму против неговиот довчерашен клуб, Фени Индустри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top