| четврток, 6 декември 2018 |

Ги издаде детал – социјалните мрежи откриваат дека бракот на Меланија и Доналд е фарса

donald
Доналд Трамп својата сопруга ја гледа како предмет, тврди експертот за говор на тело, кој го анализирал однесувањето на семејството на новиот претседател на САД на неговата инаугурација.
На многу гледачи им „паднало во око“ чудното однесување на претседателот и првата дама, посебно ако се споредат со Барак и Мишел Обама. Сега експертите потврдуваат дека судејќи по нивниот говор на телото, овој брак е само фарса.

-Доналд ја гледа Меланија како објект – рекла Сузан Константин, експерт за говор на телото, која соработувала со американската влада.

-Не гледам никаква топлина ниту искрена љубов и сочувство во нивниот однос – рекла таа.
Со тоа се согласила и нејзината колешка Пати Вуд, која рекла дека начинот на кој танцувале е показател за нестабилна врска.

doland2

-Претседателот ја влечел на сексуален начин, ја допирал во пределот на карлицата, додека госпоѓа Трамп се обидувала дискретно да се одвои од него додека танцувале – рекла таа.
Уште еден пример се случил на самиот почеток на инаугурацијата.
-Интересно е дека Трамп излегол од автомобилот и тргнал кон скалите да се ракува, наместо да ѝ помогне на сопругата да излезе од автомобилот, да ја почека, или барем да ја погледне.

doland3

Подоцна камерите го забележале и моментот пред положување на заклетвата, кога Трамп само со поглед ја поздравил сопругата кога му се придружила на тоа што требало да биде најважен момент во неговиот живот. Од другата страна, веднаш покрај него стоел Обама, кој својата сопруга ја бакнал во рака и топло ја поздравил кога му се придружила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top