Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на гранслем турнирот Австралија Опен, откако го совлада Канаѓанецот Милош Раониќ со 3-0 во сетови во четвртфиналната пресметка. Во дуелот за пласман во големото финале во Мелбурн, тој ќе се сретне со Бугаринот Григор Димитров. Во другиот полуфинален дуел силите ќе ги одмерат Швајцарците Роџер Федерер и Станислас Вавринка. Ова е прво полуфинале за Надал од 2014 година, и полека но сигурно повторно се враќа на победнничките патеки од минатото.
He's through! #Nadal does it in straight sets to advance to a semifinal! #AusOpen pic.twitter.com/sCxLCVeXJs
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 25, 2017
Надал го освои првиот сет со 6-4 во гемови, а во вториот се играше неизвесен тај-брејк, во кој на крајот сепак Шпанецот имаше повеќе нерви и концентрација и го доби со 9-7 на поени. По ова беше скршен отпорот на Канаѓанецот, па Надал го освои третиот сет со 6-4 и го комплетираше мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.