Навивачите на премиерлигашот Ливерпул можат да бидат смирени затоа што денеска еден од најдобрите играчи на тимот, Фелипе Кутињо, стави потпис на нов петгодишен договор со екипата од „Енфилд роуд“.
За него сериозен интерес покажа каталонскиот гигант Барселона, но по ваквиот развој на настаните, тимот од Шпанија сигурно ќе се насочи кон ангажман на други фудбалери. Бразилецот е среќен поради тоа што ќе остане во тимот и во наредниот период и верува дека ќе оствари успеси со „црвените“, а ќе стори се да ја оправда укажаната доверба.
– Среќен сум што и во иднина ќе го носам дресот на Ливерпул. Многу сум благодарен на овој клуб и ќе работам напорно да постигнувам што подобри резултати. Голема е честа за мене што ќе останам дел од екипата. Последните неколку натпревари не беа добри, но подготени сме повторно за борба – истакна Кутињо.
Со новиот договор, Фелипе Кутињо ќе заработува по 150.000 фунти неделно, а интересно е тоа што во новиот договор не е вградена откупна клаузула, што е лоша вест за клубовите кои го посакуваат играчот во своите редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.